Јапонците преземаат невидени мерки за спречување на пандемијата со Ковид-19 за време на Летните олимписки игри, па отидоа дотаму што и новинарите кои ќе известуваат од настанот ќе бидат следени 24 часа дневно.
Имено, претседателот на органзиацискиот комитет на Игрите во Токио, Сеико Хашимото, вчера објави дека луѓето од медиумите кои ќе известуваат од Игрите ќе бидат следени во секое нивно движење преку GPS.
Ова, вели тој, е потребно за да организаторите и домаќините да бидат сигурни дека известувачите не ги посетуваат областите за кои не се акредитирани. Тие ќе можат да се движат само во области како што се хотели и спортски објекти и никаде на друго место.