Карим Бензема едвај дочека повторно да настапи за репрезентацијата на Франција по години одсуство, но вчера по само 39 минути игра на мечот против Бугарија тој го повреди бутниот мускул и излезе од игра.
Цела Франција стравуваше цели 24 часа околу состојбата на напаѓачот и дали тој е посериозно повреден, но од репрезнентативниот камп пристигна прекрасна вест. Тој по ударот не добил никакви сериозни последици и денеска го одработил целиот тренинг.