Домот на Работнички не е празно ветување, има судски спор

426

Работнички од оваа сезона е „кираџија“ во „Кале“. Салата „Градски парк“ веќе одамна е лоша состојба, која не дозволува да се игра професионален спорт. Со години сите раководства најавуваа нова сала, дури и има и проект да истата, но немаше реализација.

Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ откри дека имаат судиски спорт, кој треба да заврши во нивна корист. Проблем е едно земјиште кое на времето било продадено за катна гаража.

„Ние како Општина сме подготвени да почнеме со изградба на салата, можеме да ја исплатиме половина од сумата. Имаме само еден правен случај, тоа е земјиштето кое се наоѓа до самата сала. Истото во 2012 година било продадено за катна гаража, имаме судиски спор да го вратиме на Република Македонија. На 25. мај беше првото рочиште, штом ќе биде вратено, ќе можеме да почнеме со тој капителен проект. Тоа зејмиште ни прави проблем да почнеме со реализација. Сите аргументи се на наша страна, конечно да израдиме сопствен дом на Работнички кој ќе биде симбол на најтрофејниот кошаркарски клуб“, изјави Богдановиќ. 

ПретходноКире Лазаров: Многумина ја отпишаа Македонија, сакам да им покажам дека не се во право!
СледноБарди: Ми беше тешко во карантин, мислев го пропуштам ЕП, сега треба да уживаме во секој момент!