Легендарниот некогашен фудбалер Васил Рингов, се расплака сред емисија откако го прашаа за ситуацијата со ФК Вардар. Тој утрово гостување на 24ТВ каде што кога коментираше за Вардар, му дојдоа солзи, а му се смени и гласот.
Тој истакна дека многу тешко му паѓа за Вардар, но и дека не го загрижува што ќе игра во Втора лига, туку дека некој сака Вардар воопшто да не постои.