Шесте англиски тимови кои потпишаа учество во креирање на Суперлигата, се договориле со ФА околу сумата на казната која ќе ја платат поради потпис на договорот.
Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Челзи, Тотенхем, Ливерпул и Арсенал имаа потпишано договор за формирање на Суперлигата.
На крајот тие први се откажаа, а сега со ФА се договорија да платат 22 милиони фунти. Исто така потпишан е договор со кој казните за вакви идни дејствија ќе бидат повисоки.