Гатузо понуди 20 милиони евра за Серхио Оливеира од Порто

166

Фиорентина ја зголеми својата понуда за играчот за врска на Порто, Серхио Оливиера. Последната понуда која од Фиорентина стигна на маса во канцеларијата на Порто изнесува 18 милиони евра, плус бонуси и е близу до цената која Португалците ја бараат за еден од своите стандардни првотимци минатата сезона.

Преговорите напредуваат добро откако беше одбиена првичната понуда од 12 милиони евра плус бонуси. Заедно со додатоците од 2 милиони евра, Порто би требал да заработи 20 милиони евра од продажбата на 29-годишниот фудбалер, кој е прва трансфер цел на новиот тренер на „виолетовите“, Џенаро Гатузо.

ПретходноАјде кон Букурешт: На 50% зголемен капацитетот на Арената, сега ќе има двојно повеќе фанови!
СледноКаратистите пристигнаа во Париз, последната станица со ЛОИ во Токио