Моцартспорт анализа: Мрме од Срем, вонвременскиот Пандев и идната европска ѕвезда Елиф Елмас!

528

Од овие балкански простори, односно од земјите на екс – СФРЈ само две земји ќе играат на ЕП. Тоа се Хрватска и Македонија. Па можеби затоа што немат свои претставници, во Србија, БиХ, Бугарија…наголемо се пишува за успехот на Македонија, нејзиниот пласман и учеството на ЕУРО 2020.

Реноминарниот српски портал Моцартспорт.рс констатира дека некогаш репрезентацијата која служела за потсмев, сега станува сила, дека заслужено ќе игра на ЕП и дека има квалитет дури и за изненадување.

Се анализира како тоа нивниот јужен сосед се дигнал во европските фудбалски височини.

Интересно е тоа што нашиот селектор Игор Ангеловски го нарекуваат Мрме од Срем и тоа поради фактот дека тој едно време од својата фудбалска кариера ја минал токму во тој нивни непознат клуб за нас.

Јасно е дека за Горан Пандев се говори само во суперлативи. Го величат, велат дека имало историска правда што токму тој го постигнал решавачкиот гол во Тбилиси и дека буквално струмичанецот е вонвременски.

Воодушевени се од Елиф Елмас и прогнозираат декла набргу Дијамантот ќе биде голема европска ѕвезда. За Аријан Адеми се вели дека е еден од клучните играчи, а за Алиоски и Барди се констатира дека поседуваат неверојатен квалитет.

Покрај се друго, се вели дека Македонија не смее никој да ја потцени во групата Ц на ЕУРО 2020. Кој ќе го стори тоа ќе си има големи проблеми.

ПретходноЛидс сака да го спои македонскиот тандем Елмас – Алиоски!
СледноУЕФА исфрли еден клуб од Лигата на шампионите