Играчот за врска на Манчестер Јунајтед , Пол Погба , призна дека се уште не добил конкретна понуда од управата на „црвените ѓаволи“ за продолжување на договорот, кој истекува за една година. Французинот е поврзан со ПСЖ и Јувентус , а денес „Скај Спортс“ излезе со информација дека клубот од „Олд Трафорд“ веќе започнал преговори со претставници на Погба за можен нов договор.
“Имам договор на уште една година. Секој го знае тоа. Сè уште не сум добил конкретни понуди за продолжување. Ја завршивме сезоната со финалето во Лига Европа, а потоа заминавме на одмор. Не разговарав со Ед Вудворд и тренерот. Јас сум уште играч на Манчестер. Дали имав контакт со ПСЖ? Имам агент кој се занимава со сето ова. Единствената мисла за иднината е Еуро 2020 “, изјави Погба за РМЦ Спорт.