УЕФА и нареди на Украина да го смени дресот што им пречи на Русите!

227

Нашиот ривал во групата Ц на ЕУРО, селекцијата на Украина си има проблеми со дресот. Имено и официјално УЕФА побара од Украина да го смени дресот, односно да го тргне спорниот слоган за Крим, кој што наиде на бес и огорчување во Русија.

А во што е проблемот?

На предната страна од дресот, кој беше промовиран како официјален и со кој Украинците сакаат да играат на ЕУРО, се наоѓа мапа со граници во која тука е и Крим. Територија која Русите ја сметаат како своја. Исто така спорен е и слоганот “Слава за нашите херои“, кој беше користен во анти – руските демонстрации во 2014 година.

Сево ова УЕФА сепак го означи како политика и побара од Укранците да го сменат дресот.

ПретходноУЕФА: Засега останува 33% исполнетост на стадионот во Букурешт!
СледноДимитриевски: Не дојдовме тука само за искуство, нашиот сон е сега да ја минеме групата