Уште малку останува до стартот на Европското првенство. Ова континентално натпреварување е посебно за Македонија, за првпат нашата земја се најде на европската карта, меѓу најдобрите европски земји.
Еуфоријата може веќе да се почувствува, а за дополнително загревање на атмосферата, ФФМ добро се погрижи.
Откако го постави Горан Пандев на плоштадот во центарот на Скопје, доживување на дресовите преку холограм, сега на булеварот 8 септември го разубави со 26-те фудбалери кои отпатуваа на ЕУРО 2020 и селекторот, Игор Ангеловски.