Прекрасна вест од Букурешт. Имено на синоќешната седница на Владата на Романија, одлучено е место 25 насто, капацитет на Арената во Букурешт за натпреварите од ЕП во тој град, каде што и Македонија ќе одигра два меча, да се зголеми за двојно. Значи за мечевите со Австрија и Украина, дозволено е 27.000 фанови на трибините. Ова значи дека ќе има можност за повеќе фанови и на нашата репрезентација.
Е, па, сега ајде сите кон Букурешт и да им дадеме поддршка на нашите херои.