Фиорентина ја зголеми својата понуда за играчот за врска на Порто, Серхио Оливиера. Последната понуда која од Фиорентина стигна на маса во канцеларијата на Порто изнесува 18 милиони евра, плус бонуси и е близу до цената која Португалците ја бараат за еден од своите стандардни првотимци минатата сезона.
Преговорите напредуваат добро откако беше одбиена првичната понуда од 12 милиони евра плус бонуси. Заедно со додатоците од 2 милиони евра, Порто би требал да заработи 20 милиони евра од продажбата на 29-годишниот фудбалер, кој е прва трансфер цел на новиот тренер на „виолетовите“, Џенаро Гатузо.