Трет тренинг на “рисовите“ во Букурешт, на Арената на Стеауа и прв утрински. Максимално сериозно, се воигруваат повеќе комбинации, се разработува тактиката до детали во пресрет на првиот меч со Австрија во недела.
Атмосферата и натаму е на завидно ниво, се е како што треба и со оптимизам се очекува тој прв историски меч на едно големо натпреварување на нашите херои.