Се чини дека денеска попладне престанаа караниците во репрезентацијата на Франција. Килијан Мбапе и Оливие Жиру беа во прегратка на денешниот тренинг.
А се започна после пријателската средба со Бугарија. На неа Франција победи со 3:0, Жиру постигна два гола, но изјави дека Мбапе е себичен и не му асистира кога е потребно.
Тоа го разгневи младиот офанзивец и одлучи да свика прес, за да каже што има тој на оваа тема.
Малку недостигаше да дојде до нарушување на атмосферата во редовите на најголемиот фаворит на претстојното ЕУРО. Токму затоа селекторот Дешамп не му дозволи на Мбапе да одржи прес и му нареди да ја смири топката.
Па така попладнево на тренингот младата супер ѕвезда на ПСЖ во неколку наврати му асистираше на Жиру, а потоа дојде и до прегратка.