Неверојатно: Меси се уште не добил понуда од Барса за продолжување на договорот!

1169

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси се уште ја нема добиено официјална понуда за обновување на договорот со клубот, соопшти „Марка“.

Според изворот, за новиот договор само се зборувало усно, но тој на хартија нема добиено ништо од клупското раководство. Оттука, агентот на Меси и самиот фудбалер се уште немали можност ниту да ја разгледаат, ниту да одговорат на нова понуда на каталонците.

Барселона наводно ќе му понуди десетгодишен договор, но додека тоа не се случи се е во доменот на шпекулации. Договорот на Меси со Барселона завршува на 30 јуни и засега е неизвесно дали новиот претседател на Барселона, Лапорта, ќе успее да го убеди Меси да остане во клубот.

ПретходноДобро утро од Букурешт! (ФОТО)
СледноСелекторот се мисли, Елмас шоу, Столе брани, а капитенот и заменикот во “клинч“!(ФОТОГАЛЕРИЈА)