Тимот на Струга Трим Љум вчера стартуваше со подготовките за премиерниот европски настап, историски за клубот, и во таа насока веќе јавноста добива се повеќе информации.
Екипите на Партизани односно Теута од Албанија, како и нашиот Шкупи ќе бидат спаринг партнерите за пријателските дреби на Струга Трим Љум пред клубот да насиапи во Европа.
Сите овие екипи ќе се подготвуваат на Охридското крајбрежје, па ќе има доста интензивна агенда во деновите кои следуваат на фудбалски план во ова наше туристичко место.