Селекторот се мисли, Елмас шоу, Столе брани, а капитенот и заменикот во “клинч“!(ФОТОГАЛЕРИЈА)

1515

Како што веќе информиравме нашите репрезентативци го одработија својот прв утрински тренинг или трет вкупно откако се во Букурешт.

На тренингот и тоа како имаше што да се види. Селекторот Игор Ангеловски се мисли со каква тактика ќе „удриме“ по Австрија. Дијамантот Елмас не престанува со своето шоу, сега и на трениг и со тоа ја подига атмосферата. Столе брани како да има сто раце, а во Горан Пандев и Стефан Ристовски, капитенот и заменик капитенот во “клинч“, односно во дуел, кој прв до топката.

ПретходноНеверојатно: Меси се уште не добил понуда од Барса за продолжување на договорот!
СледноАјде кон Букурешт: На 50% зголемен капацитетот на Арената, сега ќе има двојно повеќе фанови!