Се чини дека ФК Силекс не се шегува. По првичниот шок откако испаднаа од елитата, по поразот во баражот од Тиквеш, веќе неколку денови челниците на клубот работат на ангажман на нови имиња.
Па така, како што и официјално за СПОРТМЕДИА потврдија од таборот на кратовци, Стевица Ристиќ и официјално е нов спортски директор на клубот. Некогашната клупска фудбалска легедна после 15 години се врати во Силекс, но сега како прв оперативец.
Горазд Михаилов и официјално е нов шеф на стручниот штаб, а денеска се потпишани договори со четири нови имиња.
Тоа се Столе Стојчевски, Роберт Митев, Лазар Пеев и Александар Трајчевски.
Во текот на следните денови кратовци имаат намера да се засилат со уште најмалку 3-4 нови имиња.
Ова се прави со цел Силекс достојно да ја претставува Македонија на евро – сцената во Конфренциската лига како и експресно враќање во елитата.