Шампионот на Малта, Хамрун Спартанс е исфрлен од новото издание на УЕФА Лигата на шампионите поради учество во наместен натпревар пред неколку години. Хамрун е казнет за прекршување на правилата со „директно или индиректно учество во местење на натпревари или влијание врз резултатите на натпреварите“, соопшти УЕФА.
Случајот со наместениот натпревар датира од сезоната 2012/13. Оттогаш Хамрун не се квалификуваше за европските турнири, па затоа и не можеа да ја одработат суспензијата, која УЕФА не ја заборави. Хамрун Спартанс минатата сезона ја освои својата прва титула на Малта во последните 30 години.