Дефанзивецот на репрезентацијата на Холандија, Матијас де Лигт нема време да се опорави од повредата на препоните пред почетокот на претстојното Европско првенство 2020 година.
Според холандските весници, фудбалерот го започнал вчерашниот тренинг, но не учествувал на комплетниот тренинг, затоа што се уште чувствува нелагодност при движењето. Селекторскиот штаб се надева дека ќе го врати дефанзивецот во тимот, но постои ризик тој да го пропушти натпреварот од 1. коло од групната фаза со репрезентацијата на Украина.