Четири родендени за време на ЕУРО, а Чурлинов би можел на финалето во Лондон да го прослави својот 21!

571

Нашата репрезентација веќе трети ден е во Букурешт каде во мирна и релаксирана атмосфера ги одработува последните подготовки во пресрет на својот прв историски меч, и тоа против Австрија во недела.

Кога сме кај “рисовите“ да кажеме дека за време на ЕУРО 2020, дури четворица наши репрезентативци ќе слават родендени.

Започнуваме со Ферхан Хасани, кој на 18 јуни, значи ден по мечот со Украина ќе полни 31 година. Потоа следува Дарко Велковски, кој пак на мечот со Холандија во Амстердам, на 21 јуни ќе го одбележи својот 26 роденден.

Да се надеваме дека ќе играме во четвртфиналето, па Енис Барди на 2 јули во Санкт Петербург или во Минхен ќе го прослави својот исто 26 роденден.

И, сега, ајде малку да фантаизираме. На 11 јули во Лондон на „Велбли“ се игра финалето на ЕП, е па на тој ден нашиот најмлад репрезентативец Дарко Чурлинов ќе наполни 21 година.

Уф, каков роденден би бил тоа на Чурлинов на “Вембли“!

ПретходноСилекс потврди: Ристиќ директор, Михаилов тренер, денеска потпишаа Стојчевски, Митев, Пеев и Трајчевски!
СледноХоландија без Де Лигт на премиерата против Украина?