Стефан Чолаковски, австралискиот фудбалер со македонско потекло, и кој прифати да игра за македонската репрезенација, денеска постигна гол во австралиското првенство.
Чолаковски погоди во 9. минута против Њукасл Џетс за водство од 1:0, а потоа гостинот направи пресврт и стигна до победата од 1:2.