Се знае кој е задолжен за добра атмосфера во нашата репрезентација. Џани Алиоски, бил, е и ќе биде цероминијал мајстор на добра шега и тоа е општо познато. Во неговиот Лидс, посветен е цел канал на неговите идеи и на се она што тој го приредува, за време на тренинзите и мечевите.
Најновиот „штос“ на Џани, е што за момент реши да ги земе нештата во свои раце и да влезе во едно од безбедносните возила кои се покрај нашиот национален состав 24 часа. Џани не е Џани ако од ова не се направи вест и ако не биде во центарот на вниманието.