Давор Шокоски уште две години во дресот на Прилеп!

138

Левиот бек Давор Шокоски после одличната сезона во дресот на Прилеп го продолжи договорот, тој ќе остане во клубот уште две години.

Шокоски беше еден од носителите на играта на Прилеп измината сезона и еден од најзаслужните за опстанокот во елитното друштво.

Тој е дете на Прилеп каде ги помина сите младински категории, а сега се наметнува како лидер во својот матичен клуб.

Претходно прилепчани ја продолжија соработката со Чантурија.

ПретходноПартизани, Теута и Шкупи ќе ја тестираат Струга ТЉ пред евро дебито
СледноЛазар Пеев нов играч на Силекс