На само два дена пред почетокот на 12-тото издание на Ф4 турнирот во Келн, се прават статистики и очекувања од екипите кои ќе настапат таму.
Не може а да не мине забележан Кире Лазаров. Од сите 334 играчи кои настапиле на завршните турнири во последните 11 сезони, тој е најдобар стрелец на Ф4 турнирите.
Тој има постигнато 65 гола, а зад него е Микел Хансен со 60, кој ќе игра на турнирот. 59 има Палмарсон, кој исто така ќе настапува на годинашниот Ф4 и тие се главната закана за Кире, додека останатите нема да учествуваат на овој турнир а тие се: Илиќ, Јиха, Наѓ, Чупиќ, Рутенка, Томас, а во топ 10 влегува и Гарсија.
Кире ќе се обиде да го сочува овој примат и после овој Ф4 турнир со неговиот Нант.