Нема Македонец кој деновиве не живее со фудбалската репрезентација која во недела го има својот прв настап на ЕП во Букурешт. Се пеат песни, се творат химни. Така деновиве една таква ни доаѓа од САД, и тоа од добро познатите сестри Невена и Калина Нешкоски кои се по потекло од Охрид.
Се сеќавате дека пред две години тие пееја за РК Вардар, за тогаш европскиот ракометен првак. Супер песна со супер видео која брзо стана хит. Сега пеат за фудбалската репрезентација, за нашите херои… за Пандев, Елмас, Адеми … и останатите.
Вреди да се погледне…
Секоја честа за Невена и Калина. Браво девојки МАКЕДОНКИ.