Холанѓанецот Макели ќе суди на отворањето на Еуро 2020

359

Холандскиот судија, 38-годишниот Дани Макели е назначен за главен судија на првиот натпревар на овогодинешното Еуро 2020, мечот меѓу Италија и Турција, кој ќе се игра во Рим утре во 21 часот.

Досега, најважниот натпревар што Макели го водеше во кариерата беше последниот натпревар од минатогодишната Европска лига во кој Севиљa го совлада милански Интер со 3-2 во Келн, а беше и дел од петчлената група задолжена за ВАР во финалето на Светското првенство пред три години во Русија.

ПретходноМаската на Буба и “затворот“ на Ристовски!
СледноДобро утро од Букурешт! (ФОТО)