Италија е еден од фаворитите за освојување на титулата на престојното ЕУРО. Откако Манчини ја предводи селекцијата, „Азурите“ имаат добри резултати. Без пораз се последните 26 натпревари.
Меѓутоа ден пред почетокот на ЕУРО, Италија останува без услугите на Лоренцо Пелегрини. Тој се повредил вчера во последните минути од тренингот.
Така репрезентативците стигнаа во Рим каде ги дочека претседателот Габриеле Гравина. Тој сите играчи ги поздрави, и го прегрна потресениот Пелегрини.
🇮🇹 #Italia arrivata nel suo albergo romano: bello l’abbraccio di #Gravina all’infortunato #Pellegrini
📹 @dariomarchetti7 pic.twitter.com/vHUxmjSb6j— TUTTOmercatoWEB (@TuttoMercatoWeb) June 10, 2021