Капитенот со порака: Бидете со нас, навивајте за Македонија!

204

Македонија својот прв настап на ЕУРО 2020 ќе го има во недела, и тоа во Букурешт против Австрија. Секако дека кога станува збор за нас ние секогаш имаме големи очекувања, а најмногу од нашиот капитен Горан Пандев.

Па така Пандев преку својот инстаграм профил и се обрати на нацијата со порака…

Дојде и тој ден кога почнува Европското првенство… Денот кој го сонував долго време низ мојата кариера… Македонија да игра на едно големо натпреварување… Можеби ова се последните мои натпревари за македонската репрезентација…

Сакам како капитен да ви се обратам на целата нација… Оваа генерација е најсветото нешто на МАКЕДОНСКИОТ фудбал, ова е генерацијата што ја обедини цела Македонија… Горд сум на секој момент и секоја капка пот пролеана во светиот дрес.

Сонот го испишавме одиме да испишеме исторја.

Бидете со нас навивајте за Македонија!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goran Pandev (@goranpandev19)

ПретходноСостави: Италија со искусна одбрана со Кјелини и Бонучи, Турција ќе напаѓа со Јилмаз
СледноОлимпискиот шампион Шабан Трстена: Имаме златни момци, тие веќе испишаа историја! (ВИДЕО)