Кутињо може да заврши во дресот на Олимпик Марсеј

147

Олимпик Марсеј е заинтересиран за купување на играчот за врска на Барселона, Филипе Кутињо. Шпанските весници пишуваат дека иницијатор за купување на Бразилецот е новиот тренер на Марсеј, Хорхе Сампаоли, кој веќе подолго време ги следи настапите на играчот.

На крајот на мај беше објавено дека Барселона има намера да се ослободи од Кутињо и може да му понуди необична зделка на Ливерпул. Раководството на Барселона очекува да им понуди на „црвените“ да го вратат играчот на „Енфилд“, а Барса ќе ја отпише преостанатата транша од неговиот трансфер во износ од 50 милиони евра.

Играчот за врска се пресели во Барселона од Ливерпул во 2018 година за 135 милиони евра.

ПретходноЈута и вторпат ги „преслуша“ ЛА Клиперс, Милвоки со прва победа над Бруклин (ВИДЕО)
СледноБочели, Боно, Мартин Гарикс и Еџ ќе бидат задолжени за шоуто на отворањето на Еуро 2020