Балкан експрес: За СПОРТМЕДИА коментираат познати новинари од регионот!

756

Од вечерва централен настан во Европа е ЕУРО 2020. Месец дена тоа ќе биде фудбалско уживање, а како што е познато на ова ЕП ќе учествува и Македонија. Од регионот, односно од Балканот, само нашата репрезентацијата и хрватската ќе играат на ЕП.

СПОРТМЕДИА воведе рубрика “Балкан експрес“ во која специјално за вас драги читатели настаните од ЕУРО 2020 ќе ги коментираат познати спортски новинари од Балканот, секако и дека ќе навиваат за Македонија со оглед на тоа што нивните репрезентации останаа дома.

Бакир Тиро од агенцијата Анадолија (БиХ), Андреј Миљковиќ од Екипа СН (Словенија) и Небојша Петровиќ од СОС каналот (Србија) со свои видувања, анализи, коментари и поддршка за Македонија, се тројцата новинари чии текстови од еден поинаков агол ќе може да ги читате на нашиот портал.

Веруваме дека ќе уживате.

ПретходноФудбалерите позираа во старите дресови: Македонското сонце блесна во Букурешт (ФОТО)
СледноШпанија ги одреди премиите: За титулата на ЕП секој играч ќе добие по 400.000 евра!