Белгија, сепак, мора без Де Бруин на првиот меч на Еуро 2020

154

Еден од фаворитите на ова Еуро 2020, селекцијата на Белгија ќе мора на првиот меч на ова Европското првенство да игра без својата прва sвезда Кевин Де Бруин. 29-годишниот играч за врска на Манчестер Сити нема да патува со тимот во Санкт Петербург, каде „црвените ѓаволи“ ќе го започнат турнирот во сабота.

Според белгиските медиуми, Де Бруин се уште е недоволно подготвен за настап по операцијата на лицето која ја имаше по финалето на Лигата на шампионите.

„Дали ќе можам да играм? Се надевам дека на вториот натпревар против Данска ќе бидам таму”, им рекол Де Бруин на новинарите.

ПретходноИ официјално: РФМ го пријави Вардар 1961 за Лигата на шампиони
СледноМакедонија на претпоследното место по вредност на ЕУРО 2020, Англија наскапа, Финска најевтина селекција