РК Вардар, екс – европскиот првак и актуелен македонски шампион, ќе добие ново засилување во бековската линија. Станува збор за Бакари Диало, ракометар од Франција, кој има 27 години.Се очекува многу брзо тој и официјално да биде промовиран од страна на раководството на Вардар.
Диало досега има играно само во Франција. Прво мина шест сезони во тимот на Понто Комбо, а во Вардар доаѓа од Трембле каде беше член од 2019 до 2021 година.