Се чини дека нема дилеми, ако воопшто и ги имаше. Имено Александар Васоски и во следната сезона ќе ги предводи „пандевци“ во ПМФЛ. Шампионскиот стратег, од времето кога лани го предводеше Вардар, како што дознаваме во неколку наврати имал разговори со газдата на А. Пандев, Горан Пандев и паднал договор ништо да не се менува во стручниот штаб.
Да потсетиме дека Васоски во Струмица дојде во јануари, во пресрет на стартот на пролетниот дел од минатата сезона. Целта беше прво да се избори опстано, а потоа и да се пласира во финалето во Купот на Македонија. И двете беа остварени, но сепак останува тагата поради поразот во финалето од екипата на Силекс.