„Гипсарите“ со звучно име меѓу диреците: Игор Алексовски на голот на Ренова

1013

Игор Алексовски, екс голманот на младинската селекција, е нов чувар на мрежата на Ренова. Со тоа „гипсарите“ го решија најболното прашање во екипата со ангажман на еден од најдобрите голмани во Македонија.

Игор Алексовски доаѓа од тимот на Шкупи, но таму не бранеше многу поради повредите кои сега се минато, и тој е подготвен да застане на голот на Ренова следната сезона. Тренерот Ќатип Османи добро го познава Алексовски од времето кога беше во Шкупи.

Веста за „СПОРТМЕДИА“ ја потврдија и од таборот на Ренова, а промоцијата треба да се случи во следните неколку часа. Договорот е на една година.

Во минатото Алексовски беше дел и од Вардар и Македонија ЃП.

ПретходноБејтулаи: Навивачите мора да имаат верба во нас, бидејќи можеме да ги изненадиме
СледноИ официјално: РФМ го пријави Вардар 1961 за Лигата на шампиони