Голманот на Австрија очекува дефанзивна игра на Македонија

306

Австрискиот голман, Даниел Бахман ги сподели своите очекувања од премиерата против Македонија на Еуро 2020. Голманот на Ватфорд, вели дека Австрија е подготвена да направи и поголемо изненадување од шансите кои и се даваат пред почетокот на ова првенство.

Прв мал чекор во оваа насока ќе биде победа против Македонија во Букурешт во недела

„Овој меч во многунешта може да биде сличен како оној против Словачка. Тие се компактни и ќе бидат дефанзивно ориентирани. Но, постои и можност да се обидат да притиснат. Ние сме подготвени и за двете варијанти. Што и да се случува ќе најдеме добри решенија”, вели Бахман.

ПретходноШведскиот полицаец Екберг ќе ни суди на првиот меч со Австрија
СледноДавид Бабунски го раскина договорот со Виторул