Гостивар потврди петмина кошаркари за следната сезона

292

Гостивар почна со градењето на тимот за следната сезона. Откако челниците на клубот ја продолжија соработката со Александар Јончевски на уште една година, целосно се свртија кон играчкиот кадар.

Во средот на гостиварската гордост ќе ги гледаме браќата Ренато и Роберт Димитриевски, Александар Костоски, Марјан Јанески и Александар Тодоровиќ. Според најавите од клубот ќе бидат потпишани уште неколку домашни кошаркари, а во сениорскиот тим ќе бидат прекомандувани неколку играчи од младинскиот погон.

ПретходноЦиципас го победи Зверев и сега во финалето на Ролан Гарос го чека подобриот од дуелот Ѓоковиќ – Надал!
СледноМарко Арнаутовиќ: Македонија е опасна, со Пандев сум голем пријател!