Македонскиот фудбалски интернационалец, Давид Бабунски, кој е поранешен репрезентативец на нашата земја, ја заврши соработката со романски Виторул Костанца. Тој е еден од четворицата играчи кои го напуштаат тимот.
Како што објавија романските медиуми, Ромарио Бензар, Сантос, Давид Бабунски и Маркињос, нема да продолжат со договорите, откако клубот имаше прилично разочарувачка сезона во романската елита.
Давид Бабунски постигнал договор за спогодбено раскинување на договорот.