ЕУРО 2020: Моќната Италија во вториот дел ја „распарчи“ Турција и повторно ја сочува мрежата (ВИДЕО)

864

Целосната доминација на Италија на отворањето на ЕУРО 2020 година, придонесе за победа од 3:0 против Турција, и три бода во групата. Италијанците на „домашен терен“ во Рим, имаа повеќе од играта, од шансите, од поседот, за триумф на крајот.

Меѓутоа избраниците на Манчини видоа мака, особено откако по првиот дел беше 0:0, и покрај тоа што имаше еден контроверзен момент и недосуден пенал по игра со рака. Но да беше некој друг резултат можеби, а вака никој нема да замери.

Демирал со автогол го отвори резултатот. И кога веќе беше 0:1, беше полесно за Италија, а Имобиле во 66. минута зголеми на 2:0 по „конфузија“ во одбраната на Турција. Инсиње во 79. минута по една добра акција погоди во мрежата на Чакир за трет погодок.

Турците, пак, целосно потфрлија, не одиграа ништо од своите можности. Немаа речиси ниту еден удар кон голот, целосно отсечени и заслужено поразени.

Италија, пак, и натаму е во серија без примен гол. Ова беше деветти меч на кој ја сочуваа мрежата со гол разлика 28:0.

ПретходноСилекс продолжи со Божиновски, а ги доведе Митрeв и Рајков!
СледноКаков тенис: Надал на колена, Новак слави финале на Ролан Гарос!