Каков тенис: Надал на колена, Новак слави финале на Ролан Гарос!

1962

 

Ова го можат само тениските гиганти, великани. Фантастичен тенис на Ролан Гарос во полуфиналето меѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал. Само еден можеше да биде победник, а тоа беше Новак Ѓоковиќ. “Кралот“ на земјата е на колена, Србинот слави голем триумф и пласман во големото финале.

Новак победи со 3:1 во сетови, Новак вечерва едноставно беше подобар од Шпанецот, го победи на негов терен и затоа сега Ѓоковиќ има право да биде среќен и радосен.

А се започна добро за Надал. Триумф во првиот сет со 6:3 во гемови. Новак врати во вториот, го доби со 6:3 во гемови. Третиот сет беше епски. Се играше повеќе од час и половина, но Новак го доби во тајбрејк со 7:4, па така поведе со 2:1 во сетови.

Во четвртиот сет Надал почна добро, имаше предност од еден брејк, но Новак одигра уште еднаш фантастично и успеа да го добие со 6:2 во гемови, со што го доби и мечот.

Во финалето во недела, Новак го чека двобој со Циципас.

ПретходноЕУРО 2020: Моќната Италија во вториот дел ја „распарчи“ Турција и повторно ја сочува мрежата (ВИДЕО)
Следно„Доколку Куман ми каже да си одам, ќе ставам крај на кариерата“