Македонија својот прв настап на ЕУРО 2020 ќе го има во недела, и тоа во Букурешт против Австрија. Секако дека кога станува збор за нас ние секогаш имаме големи очекувања, а најмногу од нашиот капитен Горан Пандев.
Па така Пандев преку својот инстаграм профил и се обрати на нацијата со порака…
„Дојде и тој ден кога почнува Европското првенство… Денот кој го сонував долго време низ мојата кариера… Македонија да игра на едно големо натпреварување… Можеби ова се последните мои натпревари за македонската репрезентација…
Сакам како капитен да ви се обратам на целата нација… Оваа генерација е најсветото нешто на МАКЕДОНСКИОТ фудбал, ова е генерацијата што ја обедини цела Македонија… Горд сум на секој момент и секоја капка пот пролеана во светиот дрес.
Сонот го испишавме одиме да испишеме исторја.
Бидете со нас навивајте за Македонија!
View this post on Instagram