Манчестер Сити продолжува со напорите за обезбедување на потписот на напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн.
Како што објави италијанскиот новинар Николо Шира, „граѓаните“ сè уште се обидуваат да се договорат со самиот играч за евентуалните услови од договорот, па му подготвиле петгодишен договор со плата од 16 милиони евра по сезона.
Изворот тврди дека раководството на Спарс бара 160 милиони евра за 27-годишниот Англичанец, а Манчестер Сити е подготвен да плати 117 милиони евра за Кејн.
Кејн дебитираше за Тотенхем во 2011 година. Неговиот договор со клубот трае до 30 јуни 2024 година.