Марко Арнаутовиќ: Македонија е опасна, со Пандев сум голем пријател!

291

Нашата репрезентација својот прв настап на ЕУРО 2020 ќе го има во недела, во Букурешт со почеток од 18 часот. Марко Арнаутовиќ, еден од најдобрите фудбалери во репрезентацијата на Австрија веројатно ќе ни задава големи проблеми на тој наш деби меч на едно големо натпреварување.

За тоа што очекува од неделниот меч со Македонија, Арнаутовиќ кој влече корени од овие простори, покрај друго истакна:

Со денови, со недели слушам како тоа репрезентацијата на Македонија ја потценуваат многумина. За жал не се во право. Видете, Македонија е многу опасна репрезентација. Треба да се има голема почит кон нашиот прв противник. Ако ги потцениме бидете сигурни дека ќе си имаме големи проблеми“ вели напаѓачот на Австрија.

Познато е дека кога Горан Пандев беше во Интер, и Арнаутовиќ мина краток период во клубот од Милано.

Па затоа одтаму датира пријателството со нашиот капитен.

Со Горан сум голем пријател. Многумина го отпишуваат поради возраста и не се во право. Можете да видите за што се е способен Пандев. Тој и сега е во одлична форма“.

ПретходноГостивар потврди петмина кошаркари за следната сезона
СледноРоналдињо: Македонијо, со среќа! (ВИДЕО)