Традиционално пред почетокот на фајнл-фор завршницата во Келн ЕХФ го прогласува Ол-стар тимот. Во него се најдоа дури четворица играчи на Барселона, еден од нив е екс-вардарецот, Лука Циндриќ.
Има и еден ракометар кој нема да биде на теренот во „Ланксес Арена“. Станува збор за Никлас Ландин, чуварот на мрежата на Кил. Тој заедно со Хансен добиле најмногу гласови.
Тренер на Ол-стар тимот е Алберто Ентрериос, стратегот на Нант.
На Ф4 во Келн, Македонија ќе има свој претставник, станува збор за Кирил Лазаров, со неговиот Нант во полуфиналето ќе ги одмерат силите против Барселона, во втората двојка ќе се сретнат ПСЖ и Алборг.