Премиера: Италија и Турција го отвораат европскиот фудбалски спектакл

311

Вечерва на „Олимпико“ Италија и Турција ќе ја имаат премиерата на Еуро 2020. И двете селекции влегувата во мечот крајно мотивирани, иако селекторот на Италија, Роберто Манчини, има мали главоболки со стартниот избор на тимот, поради повредата на Марко Верати, кој сигурно отпаѓа од комбинација за денешниот меч на отворањето на Европското првенство,

Верати не се опорави целосно и нема да може да настапи против Турција. Според информациите, неговото место во стартниот тим ќе го заземе Мануел Локатели. Во пресрет на првенството, дојде уште една непријатна вест за „аѕурите“, откако капитенот на Рома, Лоренцо Пелегрини поради повреда исто така не е во изборот на Манчини.

„Сега гледаме светло на крајот од тунелот по целиот овој стрес со пандемијата. Сакаме да ги направиме луѓето среќни и да ги импресионираме во овие 90 минути“, рече Манчини.

„Кога има такви големи настани, дури и оние кои не гледаат фудбал започнуваат да ги следат натпреварите, така што знаеме дека сме важни за сите луѓе во земјата. Првиот натпревар е секогаш пеколно тежок. Треба да се справиме со очекувањата. Треба да се фокусираме на нашата работа и да направиме се што е потребно“, изјави тренерот на „аѕурите“.

Од своја страна, селекторот на Турција Шенол Ѓунеш нема кадровски проблеми и ќе може да смета на најдоброто што го има во тимот.

„За нас е голема чест да играме на воведниот натпревар на ваков турнир. Италија е одлична репрезентација која многу ја почитувам. Нашата репрезентација ќе игра за првпат на отворање на едно ЕП. Манчини добро го познава турскиот фудбал, затоа што работеше во Галатасарај, но ние сме тука за да победиме”, вели Ѓунеш.

Средбата почнува од 21 часот, а главен судија ќе биде Дани Макели од Холандија.

ПретходноСоиграч на Пандев уапсен за силување
СледноПандев: Имаме победнички менталитет, знаеме за што сме способни