Со 360.000 евра ќе се доградува “Тумбе Кафе“, ќе се поставува и греење во Спортската сала!

2072

 

Со 360.000 евра или 22 милиони денари ќе се доградува стадионот ви Битола, попознат како под “Тумбе Кафе“. Ова беше изгласано на вчерашната седница на советот на Општина Битола, кога советниците расправале за ребалансот на буџетот.

Овие пари ќе се употребат за доградување на новата трибина и за поставување на 5.000 столчиња по сите мерила и стандарди на УЕФА и ФИФА.

Додека 6 милиони денари, кои исто така се изгласани со ребалансот на буџетот, ќе се употребат за конечно решавање со загревањето на Спортската сала во Битола.Имено планирано е да се постави модерен систем за ладење и загревање во салата.

ПретходноВасоски и во следната сезона на клупата на Академија Пандев!
СледноБутел Скопје го задржа Јевтиќ