Холандскиот судија Дани Макели денеска прв од судиите на Еуро 2020 година ќе има можност да истрча на еден од стадионите каде најдобрите европски селекции ја почнуваат борбата за европскит трон. Тој со едно уво ќе биде во Нион, каде за време на воведниот натпревар видео асистените ќе бидат поставени пред екраните за контрола на ВАР системот.
Екипите кои ќе раководат со ВАР на ова ЕП се состојат од седум лица по натпревар. Шефот на судиската комисија на УЕФА, Роберто Росети, вели дека ВАР судиите треба да интервенираат „само во случај на јасни и очигледни грешки на судијата“.
Покрај тоа, судиите треба да бидат испраќани до мониторот, само ако тие не ја забележале клучната сцена. ВАР може да интервенира во погодоци и ситуации што водат до гол, во одлуки за пенали и ситуации што им претходат, во ситуации што доведуваат до црвени картони и во случај играчите да бидат погрешно казнети.
На ова Европското првенство, случајната игра со рака што води до постигнување гол или можност за гол, а направена од играч кој не е стрелец на голот, повеќе не треба да се казнува. Играта со рака од самиот голгетер и натаму ќе се санкционира. Покрај тоа, секој допир на топката со рака повеќе не е автоматски прекршок. Играта со рака ќе се казнува ако играчот намерно ја употребил раката или раката „неприродно“ ја зголеми областа на неговото тело. Сепак, проценката е оставена на судиите.
Како што сте навикнати за време на пандемијата, и на ова ЕП се дозволени пет измени, кои се ограничени на три прекини на играта. Во продолженија во нокаут фазата ќе биде дозволена и шеста замена.