Тричковски: Уживме во овие моменти со голема доза на одговорност, знаеме што значи ЕП за нашата земја!

195

Македонската фудбалска репрезентација ситно брои до стартот на првото Европско првенство во својата историја. Нашите момци во Букурешт ги прават последните подготовки пред дуелот со Австрија, кој е закажан за 13 овој месец.

Атмосферата во тимот е одлична, сите дишат за едно, сите посакуваат уште на стартот да приредат сензација против фаворитот Австрија.

Иван Тричковски е еден од оние репрезентативци кои оваа сезона беше и тоа како добро расположен, речиси секој меч ги полнеше мрежите во Кипар.

„Сезоната што помина и головите што ги дадов ми даваат мотив плус. Со себе си носите позитивен притисок, кој долги години ги носам. Ова е специјално натпреварување, ќе дадеме се од себе, ова е остварување на сон за нас фудбалерите и целата земја. Успехот го направивме, останува да се надеваме дека ќе продолжиме таму каде што застанавме“, изјави Тричко.

Репрезентативецот вели дека уживаат во моментите пред ЕУРО 2020, но истовремено чувствуваат доза на одговорност, пред се пради Македонија, порадите сите оние кои ќе ги бодрат.

„Уживаме во овие моменти со една доза на одговорност, знаеме каде сме и знаеме што значи за нашата земја. Ќе не гледаат сите, ќе не бодрат сите, тоа за нас е голем мотив. Точно е дека сите зборуваат за нас, но ние не играме само за нас, туку за цела Македонија, за сите оние кои ќе не бодрат. Атмосферата е на високо ниво се знаеме сите доволно, се функционира перфектно. Имаме 48 часа, повеќе од доволно одработивме. Првиот меч сигурно е важен, дали ќе биде пресуден или не, ќе видиме многу работи ќе зависат од нас“. 

Тричко не крие дека притисокот е голем. Ја прифаќа улогата на аутсајдер против Австрија, но вели дека токму по поразите од оваа земја покажаа дека се зрели и дека местото им е на ЕП.

„Притисокот е огромен, но и мотивација за сите нас. Последните два меча можат да не мотиврираат, реагиравме брзо и докажавме дека сме зрели за едно вакво натпреварување. Ние сме дебитанти, и очекувањата се измешани. Едни очекуваат дека ќе ја поминеме групата, други пак дека нема.

Најважно е дека го знаеме нашиот квалитет, се познаваме добро, имаме уште неколку дена за подготовка, анализите ќе бидат максимално направени, ни остануваат 90 минути тоа да го покажеме на терен“, изјави Тричко, кој додаде дека е подготвен да одговори на секоја задача од селекторот:

Што се однесува до очекувањата, јас сум максимално подготвен, селекторот е тој што ќе го направи тимот. Моја е работа е да бидам подготвен, за останатото ќе видиме“.

ПретходноПознат е Ол-стар тимот, еден играч нема да биде на теренот во Келн
СледноМакедонија само со фудбалерите и стручниот штаб во Амстердам!?