Циципас го победи Зверев и сега во финалето на Ролан Гарос го чека подобриот од дуелот Ѓоковиќ – Надал!

192

Стефанос Циципас, петиот тенисер во светот со 3:2 во сетови успеа да го победи Александар Зверев во првото полуфинале на Ролан Гарос. Тоа значи дека сега Гркот ќе го чека подобриот од тениската класика меѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Циципас и Зверев водеа вистинска тениска војна попладнево, која траеше пет сета. Гркот успеа да поведе со 2:0 во сетови, 6:3 и 6:3, но следуваше одлично издание на Германецот кој со два освоени сета 6:4 и 6:4 во гемови успеа да израмни на 2:2 во сетови. Во петиот решавачки сет, Циципас се врати во оигра, одигра квалитетно и со 6:3 во гемови го доби сетот, а со тоа и ова полуфинале.

Инаку финалето на Ролан Гарос се игра во недела, сега со нетрпене го очекуваме дуелот меѓу Новак и Рафа.

ПретходноЖорди Бартомеу сменет после 20 години
СледноГостивар потврди петмина кошаркари за следната сезона