Шведскиот полицаец Екберг ќе ни суди на првиот меч со Австрија

285

Шведскиот судија Андреас Екберг е делегиран да ја дели правдата на премиерниот меч на македонската фудбалска репрезентација на ЕП 2020. Полицискиот службеник од Малме кој ја има ФИФА значката од 2013 година, ќе биде на центарот во недела во Букурешт, а ќе му асистираат сонародниците Мехмет Калум и Штефан Халберг.

Четврти судија на мечот ќе биде Сергеј карасев од Русија. За ВАР системот ќе биде задолжен Германецот Бастијан Данкерт.

ПретходноСудиите добија нови насоки: Секоја игра со рака нема да се „свири“
СледноГолманот на Австрија очекува дефанзивна игра на Македонија